3. при излезот од градот крај влезните врати, таа вика гласно:
4. „Вам ви проповедам, о луѓе, и го насочувам својот глас кон човечките синови!
5. Сфатете ја мудроста, вие неискусни, а вие неразумни, вразумете го срцето.
6. Слушајте, зашто ќе зборувам за важни нешта, и моите усни ќе откријат што е право,
7. зашто мојот јазик ја зборува вистината, а нечесноста е гнасна за моите усни.
8. Сите зборови на мојата уста се праведни, во нив нема ништо ни криво ни лукаво.
9. Сите тие се јасни за разумниот и праведни се за оној, кој придобил знаење.
10. Примајте ја мојата поука а не сребро, и знаењето е подобро од златото.
11. Зашто мудроста е поскапоцена од бисери, и никакви скапоцености не можат да се споредат со неа.
12. Јас, мудроста живеам со разумот и имам расудувачко знаење.