Стар Завет

Нов Завет

Изреки 8:28-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.

29. Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата,

30. бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време:

31. Се радував по почвата на Неговата земја, и мојата радост се човечките синови.

32. Така, деца, послушајте ме, блазе им на оние кои ги чуваат моите патишта.

33. Послушајте ја поуката, за да добиете мудрост и не ја отфрлајте.

34. Блазе му на човекот што ме слуша, и бдее пред моите врати секој ден, и кој ги чува моите довратници.

35. Зашто кој ме наоѓа мене, го наоѓа животот и добива милост од Господа.

36. А ако згреши кон мене, и пакости на својата душа: Сите што ме мразат мене, ја љубат смртта.”

Прочитајте целосна глава Изреки 8