Стар Завет

Нов Завет

Изреки 8:23-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Вообличена сум уште од вечноста, од почеток, пред создавањето на земјата.

24. Се родив кога уште немаше бездни, додека немаше извори на изобилни води.

25. Се родив пред да бидат основани горите, пред бреговите;

26. кога уште не ги имаше создадено земјата ни полињата, ни почетокот на земниот прав.

27. Кога ги создаваше небесата, бев присутна, кога распростираше свод над лицето на бездната;

28. кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.

29. Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата,

30. бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време:

31. Се радував по почвата на Неговата земја, и мојата радост се човечките синови.

32. Така, деца, послушајте ме, блазе им на оние кои ги чуваат моите патишта.

33. Послушајте ја поуката, за да добиете мудрост и не ја отфрлајте.

34. Блазе му на човекот што ме слуша, и бдее пред моите врати секој ден, и кој ги чува моите довратници.

Прочитајте целосна глава Изреки 8