Стар Завет

Нов Завет

Изреки 8:19-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Мојот плод е подобар од чистото и најчистото злато, и мојот приход е подобар од чистото сребро.

20. Јас чекорам по патот на правдата, среде справедливите патеки,

21. да им дадам имот на оние кои ме љубат и да ги наполнам нивните сокровишта.

22. Господ ме имаше во почетокот на Својот пат, пред Своите созданија, многу одамна.

23. Вообличена сум уште од вечноста, од почеток, пред создавањето на земјата.

24. Се родив кога уште немаше бездни, додека немаше извори на изобилни води.

25. Се родив пред да бидат основани горите, пред бреговите;

26. кога уште не ги имаше создадено земјата ни полињата, ни почетокот на земниот прав.

27. Кога ги создаваше небесата, бев присутна, кога распростираше свод над лицето на бездната;

28. кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.

29. Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата,

30. бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време:

Прочитајте целосна глава Изреки 8