10. Примајте ја мојата поука а не сребро, и знаењето е подобро од златото.
11. Зашто мудроста е поскапоцена од бисери, и никакви скапоцености не можат да се споредат со неа.
12. Јас, мудроста живеам со разумот и имам расудувачко знаење.
13. Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.
14. Мои се советот и здравото мислење, јас сум разум, и моја е силата.
15. Преку мене царевите царуваат и началниците делат правда.
16. Преку мене кнезовите кнезуваат и големците и сите земни судии.