1. Не проповеда ли мудроста, и не подига ли го својот глас разумот?
2. На врвот на ридот, покрај патот, на раскрниците стои;
3. при излезот од градот крај влезните врати, таа вика гласно:
4. „Вам ви проповедам, о луѓе, и го насочувам својот глас кон човечките синови!
5. Сфатете ја мудроста, вие неискусни, а вие неразумни, вразумете го срцето.
6. Слушајте, зашто ќе зборувам за важни нешта, и моите усни ќе откријат што е право,
7. зашто мојот јазик ја зборува вистината, а нечесноста е гнасна за моите усни.