Стар Завет

Нов Завет

Изреки 7:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сине мој, чувај ги моите зборови и запази ги моите заповеди при себеси.

2. Пази ги моите заповеди, и ќе бидеш жив, и мојата поука како зеницата на своето око.

3. Заврзи ги на своите прсти, запиши ги врз плочата на своето срце;

4. речи и на мудроста: „Моја сестра си”, и разумот наречи го роднина,

5. за да те чуваат од жена прељубница, од туѓинка која зборува ласкаво.

6. Кога бев еднаш при прозорецот на својата куќа и гледав надвор, низ решетката,

7. видов меѓу лесноумните, забележав меѓу момчињата неразумен младец:

8. Поминуваше по улицата покрај нејзиниот агол, и чекореше по патот кон нејзината куќа,

9. во примрак, меѓу денот и вечерта, кога се спушта ноќната темнина.

10. И ете, го сретна жена, облечена како блудница и со измама во срцето.

11. Беше тврдоглава и разуздана, нејзините нозе не застануваа дома;

12. беше час на улиците, час на раскрсниците, и дебнеше при секој агол.

13. И го фати и го пољуби, и му рече, со безобразно лице:

14. „Бев должна да принесам помирителна жртва и денес го исполнив својот завет;

15. затоа ти излегов во пресрет, да те барам, и те најдов.

Прочитајте целосна глава Изреки 7