Стар Завет

Нов Завет

Изреки 30:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.

10. Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.

11. Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!

12. Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии.

Прочитајте целосна глава Изреки 30