Стар Завет

Нов Завет

Изреки 30:20-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив. „

21. Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:

22. од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;

23. од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.

24. Четири нешта се мали на земјата, но се помудри од мудрите:

25. мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе;

26. јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа;

27. скакулците, кои немаат цар, а сите одат по дружини;

28. гуштер, што се фаќа со рака, а проникнува во царските дворци.

29. Три нешта имаат убав чекор, а четвртото убаво оди:

30. лавот, јунак меѓу ѕверовите, што не се повлекува пред никого;

31. петелот, што се шета смело меѓу кокошките; јарецот, што предводува стадо, и царот со својата војска.

32. Ако си лудувал гордејќи се, или си смислил зло, сложи ја раката на устата.

Прочитајте целосна глава Изреки 30