Стар Завет

Нов Завет

Изреки 30:18-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Три нешта ми се чудни, а четвртото не го разбирам:

19. орловиот пат по небото, змииниот пат по стената, патот на бродот среде морето, и патот на мажот кон девојката.

20. Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив. „

21. Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:

22. од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;

23. од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.

24. Четири нешта се мали на земјата, но се помудри од мудрите:

25. мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе;

26. јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа;

27. скакулците, кои немаат цар, а сите одат по дружини;

28. гуштер, што се фаќа со рака, а проникнува во царските дворци.

29. Три нешта имаат убав чекор, а четвртото убаво оди:

30. лавот, јунак меѓу ѕверовите, што не се повлекува пред никого;

31. петелот, што се шета смело меѓу кокошките; јарецот, што предводува стадо, и царот со својата војска.

32. Ако си лудувал гордејќи се, или си смислил зло, сложи ја раката на устата.

33. Кога се мати млекото, излегува маст, кога се притиснува носот, потечува крв, кога се поттикнува гневот, се зафаќа препирка.

Прочитајте целосна глава Изреки 30