Стар Завет

Нов Завет

Изреки 30:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборови на Агур, Јаќеев син, од Маса; негово пророштво за Итиел, за Итиел и Укал.

2. Да, преглуп сум за да бидам човек, и немам човечки разум.

3. Не придобив мудрост, и не ги познавам знаењата на Светецот!

4. Кој се вознесе на небо и слезе? Кој го фати ветерот во своите грсти? Кој ги собра водите во својата наметка? Кој ги постави земските краишта? Како се вика и како му се вика синот? Знаеш ли?

5. Секое Божјо слово е испитано, Тој им е штит на оние, кои се надеваат на Него.

6. Не додавај им ништо на Неговите зборови, за да не те изобличи и да не те смета лажлив.

7. За две нешта те молам: не откажувај ми ги, додека не умрам:

8. оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;

9. за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.

10. Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.

11. Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!

Прочитајте целосна глава Изреки 30