Стар Завет

Нов Завет

Изреки 3:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир.

18. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.

19. Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот;

20. со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса.

21. Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување;

22. и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.

23. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.

24. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.

25. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,

26. зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.

27. Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа.

28. Не вели му на својот ближен: „Отиди си и дојди пак, и ќе ти дадам утре”, кога можеш веќе сега.

Прочитајте целосна глава Изреки 3