Стар Завет

Нов Завет

Изреки 29:13-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Сиромавиот и дерикожецот се среќаваат, Господ ги просветлува очите на двајцата.

14. Цар кој им суди на бедните според правдата, има цврст престол довека.

15. Прачката и изобличувањето даруваат мудрост, а разузданото дете ја срами својата мајка.

16. Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст.

17. Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе и даде радост на твојата душа.

18. Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!

19. Само со зборови не се поправува слугата, зашто не се покорува, иако сфаќа со умот.

20. Дали си видел човек брз на зборови? И безумникот има повеќе надеж од него.

21. Кој го мазни својот слуга од детство, после ќе му биде како син.

22. Гневливиот човек предизвикува препирки, а избувливиот човек прави многу гревови.

23. Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест.

24. Кој со крадец дели плен, се мрази самиот: слуша проклетства и ништо не открива.

25. Стравот му поставува стапица на човекот, а кој се надева на Господа, наоѓа закрила.

26. Мнозина ја бараат милоста на владетелот, но Господ дели правда секому.

27. Неправедникот им е омразен на праведните, а праведникот е омразен на нечесните.

Прочитајте целосна глава Изреки 29