Стар Завет

Нов Завет

Изреки 29:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Човекот кој по опомената останува тврдоглав, во миг ќе се скрши и нема да му има лек.

2. Народот се радува кога се умножуваат праведниците, а народот воздивнува, кога ќе завладеат нечесните.

3. Човек кој ја љуби мудроста, го радува татка си, а кој се дружи со блудниците, го растурува имотот.

4. Царот ја одржува државата со правда, а ја разурнува кој бара подароци.

5. Човек кој му ласка на својот ближен, им простира мрежи на неговите стапки.

6. Во гревот е стапицата за лошиот човек, а праведникот ликува и се весели.

Прочитајте целосна глава Изреки 29