8. Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните.
9. Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена.
10. Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто.
11. Богатиот човек се смета мудар за себеси, но разумниот сиромав ќе го разобличи.
12. Голема слава е кога се радуваат праведниците, а кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат.
13. Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост.
14. Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа.
15. Лав што рика и гладна мечка: таков е опакиот владетел за бедниот народ.
16. Неразумниот управител прави многу насилства, а кој ја мрази лакомоста, живее долго.
17. Човек кој е виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб: не застанувајте го.
18. Кој живее праведно, се спасува, кој оди по криви патишта, пропаѓа на еден од нив.