Стар Завет

Нов Завет

Изреки 28:20-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Чесниот човек изобилува со благослови, а кој брза по богатство, не останува без казна.

21. Не чини да се биде пристрасен на суд, зашто и за залак леб човекот прави зло.

22. Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста.

23. Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик.

24. Кој ги ограбува татка си и мајка си и вели: „Не е грев”, другар му е на разбојникот.

25. Срцето на горделивецот зафаќа препирка, а кој се надева на Господа, ќе напредува.

26. Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро.

27. Кој му дава на бедниот, не трпи скудност; а кој ги одвраќа своите очи, ќе биде проклет.

28. Кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат, а кога пропаѓаат, тогаш се умножуваат праведниците.

Прочитајте целосна глава Изреки 28