Стар Завет

Нов Завет

Изреки 28:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав.

2. Кога се греши во земјата, управителите и се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана.

3. Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб.

4. Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат.

5. Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сè.

Прочитајте целосна глава Изреки 28