Стар Завет

Нов Завет

Изреки 26:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Како оној што врзува скапоцен камен за прачка, таков е оној кој му искажува чест на безумникот.

9. Како што е трнливата гранка во рацете на пијаницата, таква е мудрата поука во устата на безумниот.

10. Стрелец кој ги ранува сите минувачи: таков е оној кој го главува безумниот.

11. Безумникот се враќа на својата глупост, како што кучето се враќа на својата блувотина.

12. Виде ли човек кој сам себе се прави мудар, знај, и од безумниот има повеќе надеж, отколку од него!

13. Ленивиот вели: „Ѕвер има на патот и лав има по улиците”.

14. Како што вратата се врти на своите стожери, така и мрзливиот на својата постела.

15. Мрзливиот ја натопува раката во чинијата, ама не може да ја принесе до устата.

16. Мрзливиот самиот се прави помудар од седуммина, кои одговараат умно.

17. Пес фаќа за уши кој при поминувањето, се замешува во препирка, што не го засега него.

18. Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт,

19. таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував”.

Прочитајте целосна глава Изреки 26