Стар Завет

Нов Завет

Изреки 26:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Како што вратата се врти на своите стожери, така и мрзливиот на својата постела.

15. Мрзливиот ја натопува раката во чинијата, ама не може да ја принесе до устата.

16. Мрзливиот самиот се прави помудар од седуммина, кои одговараат умно.

17. Пес фаќа за уши кој при поминувањето, се замешува во препирка, што не го засега него.

18. Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт,

19. таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував”.

Прочитајте целосна глава Изреки 26