4. Отстрани ја згурата од среброто и ќе успее работата на златарот.
5. Отстрани го нечесниот од пред царот и неговиот престол ќе се зацврсти во правда.
6. Не воздигнувај се пред царот, и не седнувај на местото на големците,
7. зашто е подобро да ти се рече: „Искачи се горе”, отколку да те понижат пред начелникот.
8. Тоа што ти го видоа очите не го изнесувај пребргу на расправа; зашто што ќе направиш на крајот, кога ќе те засрами и твојот ближен?
9. Реши го спорот со својот ближен, и не откривај ја тајната на друг,
10. за да не те укори кој ќе чуе, и твојот углед срушен да биде.
11. Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови.
12. Мудрецот што изобличува е златен прстен и ѓердан од тенко злато за внимателното уво.
13. Верниот гласник, за оној што го праќа, е како снежна ладовина во време на жетва: тој ја крепи душата на својот господар.
14. Кој се фали со лажлив дар, тој е како облак и ветер без дожд.