Стар Завет

Нов Завет

Изреки 24:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. и преку знаење се полнат собите со секакви благопријатни и скапоцени богатства.

5. Мудриот човек се зацврстува, и човек со знаење расте во сила.

6. Зашто со размислување се оди во војна, и победата е од многу советници.

7. За безумниот мудроста е превисока, затоа на судот не ја отвора својата уста!

8. Кој смислува зло, се вика подмолен сплеткар.

9. Мислата на безумникот е грев, и потсмевачот им е омразен на луѓето.

10. Ако покажеш малодушност во ден на беда, твојата сила е мала.

11. Избави ги оние кои ги влечат во смрт, и спасувај ги оние што одат на губилиште.

12. Ако речеш: „Не знаевме за тоа, не разбира ли Оној, кој ги испитува срцата? И не знае ли Оној, Кој ти ја чува душата? И не плаќа ли Тој секому според неговите дела?

13. Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло,

14. така е знај, и мудроста за твојата душа: ако ја најдеш, ја најде иднината, и твојата надеж нема да пропадне.

15. Не поставувај нечеснику, заседа на праведниковото живеалиште; не прави насилство на неговото мирно престојувалиште;

Прочитајте целосна глава Изреки 24