Стар Завет

Нов Завет

Изреки 23:21-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. зашто пијаницата и изедникот осиромашуваат, и дремливиот се облекува во партали.

22. Слушај го својот татко, својот родител, и не презирај ја мајката кога ќе остари.

23. Купувај вистина и не ја продавај, придобивај мудрост, поука и разум.

24. Многу ќе се радува таткото на праведникот, и кој раѓа мудар син ќе има милина во него.

25. Нека се веселат татко ти и мајка ти, и нека се радува твојата родителка.

26. Сине мој, дај ми го своето срце и нека твоите очи внимаваат на моите патишта,

27. зашто блудницата е длабока јама, и туѓинката тесен кладенец.

28. Таа дебне во заседа како крадец и го зголемува бројот на безбожниците меѓу луѓето.

29. Кому ах? Кому: леле? Кому: препирки? Кому: воздишки? Кому: рани за ништо? Кому: заматени очи?

30. На оние што седат доцна покрај виното, што дошле да го испитуваат зачинетото вино.

31. Не гледај на виното кога се црвенее, кога се прелева светливо во чашата: се пие така глатко,

32. а на крај каснува како змија и жилосува како змија лутица.

33. Твоите очи ќе гледаат туѓи жени и срцето ќе зборува развратно.

34. И ти ќе бидеш како да лежиш среде морето или како да седиш на врвот на јарбол.

35. „Ме избија, ама не ме заболе, ме претепаа, ама не почувствував; кога ќе отрезнам, уште ќе барам.”

Прочитајте целосна глава Изреки 23