Стар Завет

Нов Завет

Изреки 23:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога ќе седнеш да јадеш со началник, внимавај добро што е пред тебе;

2. стави си нож под грлото ако си ненаситник.

3. Не посакувај ги неговите слатки јадења, зашто се измамливи гозби.

4. Не труди се да придобиеш богатство, откажи се од таквата мисла;

5. насочиш ли ги очите кон него, него веќе го нема, зашто си направило крилја како орел и летнало кон небото.

6. Не јади јадења на завидливиот, не копнеј по неговите слатки јадења,

7. зашто тој е таков како што мисли во себеси: „Јади и пиј”, ти вели, но неговото срце не е со тебе.

8. Залокот што си го изел, ќе го повратиш, напразно ќе ги изгубиш своите љубезни зборови.

9. Не зборувај пред безумник, зашто ги презира твоите умни зборови.

10. Не преместувај ги старите меѓи и не навлегувај во нивата на сираците,

11. зашто е моќен нивниот Заштитник, ќе го брани нивното право против тебе.

12. Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови.

13. Не лишавај му ја на детето опомената, зашто, ако го удриш со прачка, нема да умре;

Прочитајте целосна глава Изреки 23