Стар Завет

Нов Завет

Изреки 20:19-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кој клевети наоколу, открива тајни; затоа не се мешај со оној, кому усните секогаш му се отворени.

20. Кој ги проколнува татко си и мајка си, светилката му се гаси среде густа темнина.

21. Од почетокот набрзина придобиено наследство, на крајот не е благословено.

22. Не зборувај: „Ќе се одмаздам за злото”, остави Му на Господа и Тој ќе те избави.

23. Омразени Му се на Господа двојните тегови, и кривата мерка не чини.

24. Од Господа се човековите чекори, и како може човекот да го разбере својот пат?

25. Стапица е за човекот да рече непромислено: „Ова е свето”, а после да се предомисли што заветувал.

26. Мудриот цар умее да ги просејува нечесните, и ги става под тркала.

27. Човековиот дух е Господова светилка која ја испитува сета внатрешност на срцето.

28. Милоста и верноста го чуваат царот, зашто со милоста го зацврстува својот престол.

29. Убавината на младите е нивната сила, а седата коса е украс на старците.

30. Синилото од биење го очистува злото, а ударите внатрешноста на срцето.

Прочитајте целосна глава Изреки 20