Стар Завет

Нов Завет

Изреки 20:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Земи му ја облеката на оној кој емчи за друг; ограби го него место туѓинецот.

17. Сладок му е на човекот лебот на измамата, но после устата му се наполнува со песок.

18. Намерите се спроведуваат со совет; затоа размисли добро па води војна!

19. Кој клевети наоколу, открива тајни; затоа не се мешај со оној, кому усните секогаш му се отворени.

20. Кој ги проколнува татко си и мајка си, светилката му се гаси среде густа темнина.

21. Од почетокот набрзина придобиено наследство, на крајот не е благословено.

22. Не зборувај: „Ќе се одмаздам за злото”, остави Му на Господа и Тој ќе те избави.

23. Омразени Му се на Господа двојните тегови, и кривата мерка не чини.

24. Од Господа се човековите чекори, и како може човекот да го разбере својот пат?

Прочитајте целосна глава Изреки 20