Стар Завет

Нов Завет

Изреки 2:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.

10. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.

11. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:

12. За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

13. од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;

14. кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;

Прочитајте целосна глава Изреки 2