Стар Завет

Нов Завет

Изреки 19:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Мрзливецот ја макнува раката во чинијата, но не ја принесува до својата уста.

25. Ако го удриш потсмевнувачот, и простиот ќе се изитри. Ако го изобличиш разумниот, тој ќе го сфати знаењето.

26. Срамен и расипан син е оној, кој го запустува таткото и ја истерува мајката.

27. Престани, сине мој, да ги слушаш поуките што одведуваат од зборовите на сознанието.

28. Нечесниот сведок и се потсмевнува на правдата, и устата на нечесниот ја голта неправдата.

29. Подготвени се казните за потсмевнувачите, и ударите за плеќите на безумните.

Прочитајте целосна глава Изреки 19