22. Чест за човекот е неговото добротворство, и сиромавиот е подобар од лажливецот.
23. Стравот од Господа дава живот, и кој ќе се исполни со него, злото не го посетува.
24. Мрзливецот ја макнува раката во чинијата, но не ја принесува до својата уста.
25. Ако го удриш потсмевнувачот, и простиот ќе се изитри. Ако го изобличиш разумниот, тој ќе го сфати знаењето.
26. Срамен и расипан син е оној, кој го запустува таткото и ја истерува мајката.
27. Престани, сине мој, да ги слушаш поуките што одведуваат од зборовите на сознанието.
28. Нечесниот сведок и се потсмевнува на правдата, и устата на нечесниот ја голта неправдата.
29. Подготвени се казните за потсмевнувачите, и ударите за плеќите на безумните.