Стар Завет

Нов Завет

Изреки 18:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот.

10. Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште.

11. Имотот на богатиот е утврден град, и како висок ѕид во неговото мечтаење.

12. Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста.

13. Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам.

14. Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне?

15. Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење.

Прочитајте целосна глава Изреки 18