15. Кој го оправдува виновникот и кој го осудува правиот, двајцата Му се омразени на Господа.
16. Зошто е богатството во рацете на безумникот за да купи мудрост со нив, кога нема разум!?
17. Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.
18. Неразумниот човек дава рака и емчи пред својот ближен.
19. Гревот го љуби кој ја љуби препирката, и кој ја издига високо својата врата, бара пропаст.
20. Опакиот во срцето не наоѓа добро, и кому јазикот му е лош, западнува во несреќа.
21. Кој ќе роди безумник, на тага му е; а не е весел ни таткото на лудиот.
22. Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.
23. Нечесниот прима подарок од под пазуви, за да ги искриви патиштата на правдата.
24. Разумниот ја има мудроста пред себе, а очите на безумниот се кон крајот на земјата.
25. Безумниот син е грижа на татка си и жалост на својата мајка.