Стар Завет

Нов Завет

Изреки 15:22-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.

23. Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!

24. За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.

25. Господ го разурнува домот на гордите, а ја поставува меѓата на вдовицата.

26. Омразени му се на Господа лошите мисли, а чистите зборови му се мили.

27. Користољубивиот го разурнува својот дом, а кој го мрази поткупот, ќе живее.

28. Праведниковото срце смислува одговор, а устата на нечесниот зборува злоба.

29. Далеку е Господ од нечесните, а ја слуша молитвата на праведните.

30. Бистриот поглед го развеселува срцето, и радосната вест ги гои коските.

31. Увото што го послушува спасоносното изобличување живее меѓу мудреците.

32. Кој отфрла поука ја презира сопствената душа, а кој прима поправка, се здобива со разум.

33. Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

Прочитајте целосна глава Изреки 15