Стар Завет

Нов Завет

Изреки 15:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата.

19. Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.

20. Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.

21. Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.

22. Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.

23. Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!

Прочитајте целосна глава Изреки 15