Стар Завет

Нов Завет

Изреки 12:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Копнежот на нечесниот е мрежа од зло, а коренот на праведникот дава плод.

13. На нечесниот стапица му е гревот на неговата уста, а праведникот се избавува од беда.

14. Од плодот на својата уста секој ќе се насити изобилно, а она што го направил со рацете, ќе му се врати.

15. На лудиот му се чини прав неговиот пат, а мудриот човек слуша совети.

16. Безумникот веднаш го покажува својот бес, а умниот го покрива срамот.

17. Кој говори вистина, открива што е право, а лажниот сведок - измамата.

Прочитајте целосна глава Изреки 12