Стар Завет

Нов Завет

Изреки 10:3-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господ не остава да гладува душата на праведниот. но ја отфрла лакомоста на нечесните.

4. Мрзливата рака го осиромашува човекот, а трудољубивата го збогатува.

5. Кој собира лете, разумен син е, а кој спие во жетвата донесува срам.

6. Благословите се над главата на праведникот, а устата на нечесните кријат насилство.

7. Благословен е праведниковиот спомен, а името на нечесниот ќе изгние.

8. Кој е со мудро срце, прима заповеди, додека брбливиот безумник пропаѓа.

9. Кој живее непорочно, оди без страв, а кој оди по криви патишта, ќе се познае.

10. Кој намигнува со окото, задава тага, а кој зборува лудо, пропаѓа.

11. Устата на праведниот се извор на живот, а устата на нечесниот крие насилство.

12. Омразата предизвикува раздор, а љубовта ги покрива сите погрешки.

13. Во усните на разумниот се наоѓа мудрост, а стапот е за плеќите на неразумниот.

14. Мудрите го кријат знаењето, а устата на неразумните е близу до пропаста.

15. Имотот на богатиот му е укрепен град, а на сиромашните сиромаштвото е нивна погибел.

16. Праведниот печали за живот, а нечесниот печали за грев.

17. Кој се придржува до поуките, е на патот на животот, а кој го отфрла укорот се заблудува.

Прочитајте целосна глава Изреки 10