Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 9:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Оди при фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да ми искаже почитување.

2. Ако не го пуштиш, туку го задржуваш и натаму,

3. Господовата рака ќе удри со страшен помор по твојот добиток што е во полето: по коњите, ослињата, камилите, по крупниот и ситниот добиток.

4. Господ ќе го разликува добитокот на Израелците од добитокот на Египетците, така што нема да настрада ништо што им припаѓа на Израелците.”‘„

5. Господ го одреди и времето, велејќи: „Утре, Господ ќе го направи ова во земјата.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 9