Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 8:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Тогаш Мојсеј одговори: „Штом ќе излезам од кај тебе, ќе Го помолам Господа да ги снема утре стршелите од фараонот, од неговите службеници и од неговиот народ. Но фараонот нека не нè измамува повеќе! Нека го пушти народот да замине и да Му принесе жртва на Господа.”

30. Така Мојсеј излезе од кај фараонот и Му се помоли на Господа.

31. И Господ направи како што бараше Мојсеј: ги снема стршелите од фараонот, од неговите службеници и од неговиот народ - не остана ниту еден.

32. Но пак го закорави фараонот своето срце и не му одобри на народот да замине.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 8