Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 8:18-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Вражалците се обидоа да создадат комарци со своето вражање, но не можеа. Луѓето и животните им станаа плен на комарците.

19. Тогаш бајачите му рекоа на фараонот: „Тоа е Божји прст!” Ама фараоновото срце беше закоравено, па не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ рече.

20. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани наутро, излези пред фараонот кога ќе тргне кон водата, и речи му: ‘Господ порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да Ми искаже почитување.

21. Ако не го пуштиш Мојот народ, ќе пуштам стршели на тебе, на твоите службеници, на твојот народ и на твоите домови. Египетските домови и самата почва ќе се исполнат со стршели.

22. Но во тој ден ќе го одделам Гесенскиот Крај, во кој живее Мојот народ, па таму нема да се појават стршели, така да знаеш дека Јас Сум Господ во средиштето на земјата.

23. Ќе ја направам таа разлика меѓу Својот и твојот народ. утре ќе биде тој знак.”‘„

24. И направи Господ така. Роеви стршели долетаа во фараоновиот дворец, во домовите на неговите службеници и по целата Египетска Земја. Земјата настрада од стршели.

25. Сега фараонот ги повика Мојсеја и Арона па им рече: „Отидете, принесете Му жртва на својот Бог, но во оваа земја.”

26. „Не е прилично да направиме така - одговори Мојсеј. Жртвите што ние Му ги принесуваме на Господа, се нечисти за Египетците. И така, кога би принесувале, пред нивни очи, жртви што се за Египетците нечисти, зар не ќе нè каменуваат?

27. Затоа треба во пустината, три дни одење, па да Му принесеме жртва на Господа на својот Бог, како што ни заповеда.”

28. „Ќе ве пуштам да заминете во пустината - одговори фараонот - и да Му принесете жртва на Господа, својот Бог, ама не одите предалеку. Молете се за мене!”

29. Тогаш Мојсеј одговори: „Штом ќе излезам од кај тебе, ќе Го помолам Господа да ги снема утре стршелите од фараонот, од неговите службеници и од неговиот народ. Но фараонот нека не нè измамува повеќе! Нека го пушти народот да замине и да Му принесе жртва на Господа.”

30. Така Мојсеј излезе од кај фараонот и Му се помоли на Господа.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 8