Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече пак на Мојсеја: „Оди кај фараонот и речи му: ‘Вака говори Господ: „Пушти го Мојот народ да замине и да Ми искаже почитување.

2. Ако одбиеш да ги пуштиш, ќе ти ја казнам целата земја со жаби.

3. Реката ќе врие со жаби. Тие ќе излезат и ќе навлезат во твојот дворец, во ложницата, во твојата постела, во куќите на твоите службеници и на твојот народ, под твоите вршници и ноќви.

4. Жабите ќе скокаат на тебе, на твојот народ и на сите твои службеници.”‘„

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 8