Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 7:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.

8. Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона:

9. „Кога фараонот побара од вас да направите некакво чудо, ти речи му на Арона да го земе својот стап и да го фрли пред фараонот, и стапот ќе се претвори во змија.”

10. Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија како што им заповеда Господ. Арон го фрли, пред фараонот и пред неговите службеници, својот стап, и се претвори во змија.

11. Фараонот ги повика мудреците и вражалците. И навистина египетските вражалци со своето вражање направија исто:

12. секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.

13. Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.

14. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Фараоновото срце е закоравено; одбива да го пушти народот.

15. Наутро тргни кон фараонот. Кога ќе излезе при водата, застани пред него на брегот на Реката. Земи го во раката стапот, што беше претворен во змија.

16. Кажи му: ‘Господ, Бог на Евреите, ме испрати при тебе со порака да го пуштиш Мојот народ, за да ми искаже почитување во пустината. Ама сè досега ти не послуша.’

17. Господ порачува вака: ‘Со ова ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’ Гледај! Со стапот што го имам во раката ќе ја удрам водата во Реката, и ќе се претвори во крв.

18. Рибите ќе пцовисаат во Реката; Реката ќе засмрди и ќе се гнасат Египетците да пијат вода од Реката.’”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 7