5. Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египетците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.”
6. Мојсеј и Арон послушаа: токму така направија, како што им заповеда Господ.
7. Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.
8. Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона:
9. „Кога фараонот побара од вас да направите некакво чудо, ти речи му на Арона да го земе својот стап и да го фрли пред фараонот, и стапот ќе се претвори во змија.”
10. Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија како што им заповеда Господ. Арон го фрли, пред фараонот и пред неговите службеници, својот стап, и се претвори во змија.
11. Фараонот ги повика мудреците и вражалците. И навистина египетските вражалци со своето вражање направија исто:
12. секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.
13. Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.