Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 7:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Но египетските волшебници со своите волшебствувања направија исто. Така фараонот остана со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и кажа.

23. Фараонот се заврте и си отиде во својот дворец, не земајќи го ни тоа на срце.

24. Сите Египетци почнаа да копаат околу Реката барајќи пивка вода, зашто не можеа да пијат вода од Реката.

25. И поминаа седум дни откако Господ удри по Реката.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 7