Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 7:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му одговори на Мојсеја: „Гледај! Ќе те наметнам како Бог на фараонот; твојот брат Арон ќе биде твој пророк.

2. Ти кажувај сè што ќе ти наредам, а твојот брат Арон нека му повтори на фараонот да ги пушти Израелците па да заминат од неговата земја.

3. Јас ќе направам да закорави срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците и чудесата во Египетската Земја.

4. Бидејќи фараонот не ќе послуша, Јас ќе ја ставам Својата рака на Египет: казнувајќи страшно, ќе ги избавам Своите чети, Својот народ, Израелците, од Египетската Земја.

5. Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египетците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.”

6. Мојсеј и Арон послушаа: токму така направија, како што им заповеда Господ.

7. Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.

8. Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона:

9. „Кога фараонот побара од вас да направите некакво чудо, ти речи му на Арона да го земе својот стап и да го фрли пред фараонот, и стапот ќе се претвори во змија.”

10. Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија како што им заповеда Господ. Арон го фрли, пред фараонот и пред неговите службеници, својот стап, и се претвори во змија.

11. Фараонот ги повика мудреците и вражалците. И навистина египетските вражалци со своето вражање направија исто:

12. секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.

13. Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 7