Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 40:32-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

33. Најпосле Мојсеј направи двор околу Шаторот и жртвеникот и обеси завеси на дворната врата. Така Мојсеј ја сврши работата.

34. А тогаш облак го прекри Шаторот на средбата и Господовата слава го исполни Шаторот.

35. Мојсеј не можеше да влезе во Шаторот на средбата заради облакот што стоеше на него и заради Господовата слава што го исполнуваше Шаторот.

36. За цело време на нивното патување, штом облакот ќе се кренеше од Шаторот, Израелците тргнуваа:

37. но ако облакот не се кренеше, ни тие не тргнуваа на пат сè до денот кога ќе се кренеше.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 40