Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 40:20-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Тогаш го зеде Сведоштвото и го положи во Ковчегот; ги провлече ластегарките на Ковчегот; потоа го намести Очистилиштето одозгора на Ковчегот.

21. Потоа го внесе Ковчегот во Шаторот; ја обеси завесата за засолнување. Така го засолна Ковчегот на сведоштвото, како што Господ и му нареди на Мојсеја.

22. Потоа го положи столот во Шаторот на средбата, на северната страна на Шаторот, но надвор од завесата.

23. На него ги принесе лебовите пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.

24. Тогаш го смести светилникот во Шаторот на средбата спроти столот, на јужната страна на Шаторот.

25. И ги запали светилките пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.

26. Златниот жртвеник го смести во Шаторот на средбата, пред завесата.

27. Запали врз него благомиризлив темјан, како што Господ му нареди на Мојсеја.

28. Потоа ја закачи завесата на влезот во Шаторот.

29. При влезот во Шаторот на средбата, го намести жртвеникот за жртви паленици. Врз него принесе жртва паленица и лебен принос, како што Господ му нареди на Мојсеја.

30. Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот го смести мијалникот, па тури во него вода за миење.

31. Мојсеј, Арон и неговите синови ги мијеа своите раце и своите нозе од него.

32. А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

33. Најпосле Мојсеј направи двор околу Шаторот и жртвеникот и обеси завеси на дворната врата. Така Мојсеј ја сврши работата.

34. А тогаш облак го прекри Шаторот на средбата и Господовата слава го исполни Шаторот.

35. Мојсеј не можеше да влезе во Шаторот на средбата заради облакот што стоеше на него и заради Господовата слава што го исполнуваше Шаторот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 40