Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 4:24-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Кога патем Мојсеј застана да преноќева, Господ се нафрли на него да го убие.

25. Но Сепфора зеде остро каменче, го обреза својот син и со кожичката ги допре Мојсеевите нозе: „Навистина ти си ми крвав маж,” рече.

26. И Господ го пушти. Заради обрезувањето таа го рече тоа: „крвав маж.”

27. Тогаш Господ му рече на Арона: „Запати се кон пустината, во пресрет на Мојсеј!” Тој отиде и се сретна со него на Божјата Гора. Го пољуби.

28. Мојсеј му раскажа на Арона сè што му довери Господ и сите знаци што му нареди да ги изврши.

29. Сега Мојсеј и Арон отидоа и ги собраа сите старешини на Израелците.

30. Арон им изложи сè што Господ му зборувал на Мојсеја, а Мојсеј ги направи знаците пред очите на народот.

31. Народот беше уверен, и откако чуја дека Господ ги посети Израелците и погледа на нивните јадови, паднаа ничкум и се поклонија.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 4