Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 4:21-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Господ му рече пак на Мојсеја: „Кога ќе се вратиш во Египет, погрижи се да ги извршиш, пред фараонот, сите чудеса за кои ти дадов сила, иако Јас ќе го направам кораво неговото срце, така што нема да го пушти народот да си отиде.

22. Тогаш речи му на фараонот: ‘Вака вели Господ: „Израел е Мој првороденец.

23. Барам од тебе да ми го пуштиш синот, за да ми искаже почитување. Ако откажеш да го пуштиш, Јас ќе го убијам твојот првороденец.”‘„

24. Кога патем Мојсеј застана да преноќева, Господ се нафрли на него да го убие.

25. Но Сепфора зеде остро каменче, го обреза својот син и со кожичката ги допре Мојсеевите нозе: „Навистина ти си ми крвав маж,” рече.

26. И Господ го пушти. Заради обрезувањето таа го рече тоа: „крвав маж.”

27. Тогаш Господ му рече на Арона: „Запати се кон пустината, во пресрет на Мојсеј!” Тој отиде и се сретна со него на Божјата Гора. Го пољуби.

28. Мојсеј му раскажа на Арона сè што му довери Господ и сите знаци што му нареди да ги изврши.

29. Сега Мојсеј и Арон отидоа и ги собраа сите старешини на Израелците.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 4