11. „Кој му ја даде устата на човекот? - му рече Господ. - Кој го прави нем и глув; кој му го дава видот или го ослепува? Зар тоа не Сум Јас, Господ!
12. И така, оди! Јас ќе бидам со тебе кога ќе зборуваш, и ќе ти кажам што да зборуваш.”
13. „Прости, Господи - пак рече Мојсеј - не би ли испратил некој друг!”
14. Се налути Господ на Мојсеја и рече: „Зар Арон, Левиецот, не е твој брат? Знам дека е тој многу красноречив. Еве, токму ти излегува во пресрет. Кога ќе те види, ќе се израдува во срцето.
15. Ти зборувај му нему и ставај ги зборовите во неговата уста. Јас ќе бидам и со тебе и со него додека зборувате; ќе ви кажувам на двајцата што ќе работите.
16. Нека му зборува тој на народот место тебе. Така, тој ќе ти биде место уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога.
17. Земи го стапов во раката. Со него извршувај ги знаците.”
18. Потоа Мојсеј се врати при деда си Јотора и му рече: „Пушти ме да се вратам при браќата во Египет, да видам дали се уште живи. „Тргни со мир!” му рече Јотор на Мојсеја.
19. И Господ му рече на Мојсеја во Мадијам: „Врати се во Египет зашто изумреа сите луѓе, кои го бараа твојот живот.”
20. Така Мојсеј ги качи на ослето својата жена и синовите и замина за Египетската Земја. А во раката Мојсеј го зеде Божјиот стап.