Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 39:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И врзградникот го изработија со работата на вештаците како и наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

9. Врзградникот го направија четириаглест, двоен; беше долг една педа, широк педа, а удвоен.

10. Вметнаа во него четири реда бесцени камења. Првиот ред беше од сард, топаз и смарагд;

11. вториот ред од антракс, сафир и адамант;

12. третиот ред од лигур, ахад и аматист;

13. а четвртиот од кризолит, оникс и јаспис. Сето тоа беше обрабено со злато.

14. На бесценетите камења беа имињата на Израелевите синови. На број беа дванаесет колку и нивните имиња. Беа врезани како и печати - секој камен со името на едно од дванаесетте племиња.

15. За врзградникот направија веришки од чисто злато како засукани врвци.

16. Потоа направија две златни рамки и две златни колца па ги прицврстија двете колца за двата горни агли на врзградникот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 39