Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 39:28-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. а направија и капа од лен и капчиња од лен; направија платнени гаќи од препреден лен.

29. И појасите беа од препреден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено, извезани, како што Господ му нареди на Мојсеја.

30. Направија и плоча, свет венец, од чисто злато, и врз неа врежан натпис како што се врезува на печатен прстен: „Посветен на Господа.”

31. За неа приврзаа сина врвца, за да можат да ја врзат на врвот на капата, како што Господ му нареди на Мојсеја.

32. Така беа завршени сите работи на Шаторот на средбата. Израелците направија сè онака како што Господ му нареди на Мојсеја да направат.

33. Тогаш му ги донесоа на Мојсеја: Шаторот и сиот негов прибор: неговите куки, неговите даски, неговите лостови, неговите столбови и неговите подножја;

34. покрив од направени црвени овновски кожи, покрив од јазовечки кожи, завесата за засолнување;

35. Ковчегот на сведоштвото со неговите ластегарки и Очистилиштето;

36. столот и сиот негов прибор, принесените лебови,

37. светилникот од чисто злато со неговите светилки - светилки веќе ставени во ред - и сиот негов прибор - и масло за осветление;

38. златен жртвеник, миро за помазание, благомиризлив темјан и завесата за влезот во Шаторот;

39. жртвеник од бронза со бронзена решетка; неговите ластегарки и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка;

40. завесите за дворот; нивните столбови и нивните подножја; завесата за дворниот влез, неговите јажиња и нивните колчиња - сиот прибор за служба во Шаторот на средбата;

41. убаво изработени облеки за служба во Светилиштето - света облека за свештеникот Арон и облеки за свештеничката служба на неговите синови.

42. Токму како што Господ му нареди на Мојсеја, така Израелците ја свршија целата работа.

43. Мојсеј ги прегледа сите работи и утврди дека ги довршиле: како што Господ нареди, така и ги направија. И Мојсеј ги благослови.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 39