Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 39:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. а четвртиот од кризолит, оникс и јаспис. Сето тоа беше обрабено со злато.

14. На бесценетите камења беа имињата на Израелевите синови. На број беа дванаесет колку и нивните имиња. Беа врезани како и печати - секој камен со името на едно од дванаесетте племиња.

15. За врзградникот направија веришки од чисто злато како засукани врвци.

16. Потоа направија две златни рамки и две златни колца па ги прицврстија двете колца за двата горни агли на врзградникот.

17. Сега ги заврзаа тука засуканите врвци од злато за двете колца што беа прицврстени за аглите на врзградникот.

18. Другите два краја на засуканите врвци ги прицврстија за две рамки. Така ги поврзаа со прекурамениците на наплекниќот однапред.

19. Потоа направија две златни колца па ги прицврстија за двата краја на врзградникот покрај внатрешниот раб, свртен кон наплеќникот.

20. Уште направија две златни колца па ги прицврстија за долниот, преден крај на прекурамениците на наплеќникот, крај местото каде се врзува, врз ткаенината на наплеќникот.

21. Ги врзаа колцата на врзградникот со колцата на наплеќникот со сина врвца, така што врзградникот да стои над препашката на наплеќникот и да не може да се одвои од наплеќникот, како што и Господ му нареди на Мојсеја.

22. Направија и наметка за наплеќникот од љубичесто предено.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 39